Германски гигант отпушта 10.000 работници – ангажираат вештачка интелигенција

71

И покрај растот на приходите од 10 отсто во вториот квартал, германскиот софтверски гигант SAP ги објави плановите за укинување до 10.000 работни места. Како што велат, продолжуваат со реструктуирање на бизнисот и фокусот го насочуваат кон бизнис со вештачка интелигенција.

Наместо планираните 8.000 вработувања, компанијата најави дека ќе укине од 9.000 до 10.000 работни места, бидејќи самите работници посочиле дека се подготвени да си заминат.

На крајот на вториот квартал, компанијата  имала 105.315 вработени, околу 3.000 помалку отколку на крајот на март. SAP го зголеми својот фокус на вештачката интелигенција и објави план за реструктуирање во јануари.