Германски компании преговараат за производство на Sputnik V

58

Германските компании преговараат за производство на руската вакцина против коронавирус Sputnik V пред нејзиното одобрување за употреба во ЕУ, за да може да се доставува до земјите надвор од унијата, вели во интервју за РИА Новости извршниот директор на германскиот економски комитет за истокот Мајкл Хармс.

“Можам да кажам дека во тек се интензивни преговори за производство на Sputnik V, а Источниот комитет е особено вклучен во тоа. Ние сме во близок контакт со рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF)”, рече Хармс.

Истакна дека RDIF обезбедил јасен и многу професионален технички опис на кој компаниите мора да се придржуваат при производство на вакцини.

“Неколку германски компании веќе покажаа интерес и вакцината се оценува многу позитивно. Денес е тешко да се предвиди кога ќе завршат преговорите, но мислам дека ќе мора да почекаме малку”, додаде Хармс.

Фото: Pixabay