Германски производител на оружје купи удел во романска компанија

30

Рајнметал објави дека купил 72,5 отсто од акциите во романскиот производител на воени возила Automecanica Medias, најавувајќи го своето проширување на источноевропските пазари.

Со купување на мнозинскиот пакет акции во романската компанија, Рајнметал ќе го прошири производството на воени возила, заедно со услугите за одржување.

Годинава Рајнметал очекува нарачки во вредност од стотици милиони евра
Проширувањето на операциите во Романија ќе и овозможи на германската компанија побрзо да одговори на нарачките и да го зајакне синџирот на снабдување на вооружените сили на источното крило на НАТО. Веќе годинава очекуваат нарачки вредни стотици милиони евра, се наведува во соопштението.

„Рајнметал моментално работи во Унгарија и Литванија, а аквизицијата во Романија ќе го отвори нејзиниот пристап до други земји кои ветуваат клиенти во регионот“, велат тие.

Финансиските детали за трансакцијата сè уште не се познати. Рајнметал проценува дека аквизицијата би можела да му обезбеди приход од околу 300 милиони евра на среден рок.

Што произведува романската компанија?
Германската компанија ќе биде мнозински сопственик на Automecanica Medias преку подружницата Rheinmetall Landsysteme GmbH, а на романскиот пазар ќе работи под името Rheinmetall Automecanica SRL.

Останатите акции на Automecanica Medias ќе ги задржат приватни инвеститори. Романската компанија произведува специјални возила, камионска опрема и приколки за цивилна и воена употреба.

Објектот во Романија треба да одржува борбени возила од западно производство во Украина и да обезбедува логистичка поддршка.

Фото: Pixabay