Германски суд ја отфрли жалбата против изградбата на нова фабрика на Теsla

46

Барањето за забрана за изградба на нова гигафабрика на американската компанија Теsla во општина Грунхајд, недалеку од Берлин, кое го испратија две германски организации за заштита на животната средина, беше одбиено во локалниот суд во оваа земја.

Германската покраина Бранденбург и издаде градежна дозвола на компанијата на Илон Маск за изградба на европско седиште на Теsla минатата година, а работите сега може да се одвиваат без пречки, пренесува Ројтерс.

Тестирањето и инсталирањето на градежната опрема, може да  продолжат, пресуди судот. Сега се поставува прашањето дали граѓанските иницијативи и еколошките организации на крајот ќе го пренесат барањето за суспензија на работите на повисока судска инстанца.

Фото: Twitter