Германскиот БДП падна за 2,2 % во првиот квартал

29

Германскиот БДП во првиот квартал од оваа година беше за 2,2 % помал во споредба со оној од последните три месеци од 2019 година. Тоа е најлош резултат на германската економија уште од економската криза во 2009 година.

За вакво успорување на економијата виновна е пандемијата од коронавирусот, што предизвика привремено затворање на многу компании. Се очекува резултатите следниот квартал да бидат подобри, бидејќи Германија кон крајот на април започна со попуштање на забраните и ограничувањата.

Треба да се има во предвид дека најсилната економија на ЕУ во однос на нејзините други членки забележа дури и добар резултат. БДП во Унијата во тој период падна во просек за 3,3%. Во некои земји тој пад беше уште поизразен – во Франција изнесуваше 5,8 %, а во Италија 4,7%.

Во еврозоната падот на БДП во првиот квартал изнесуваше 3,8%.

Фото: Pixabay