Германскиот БДП со раст од 1,5% во вториот квартал

15

Германската економија се врати на патеката на раст во вториот квартал од оваа година, но по пониска стапка од очекуваната поради проблемите во процесот на снабдување што најмногу ги погодува индустриските капацитети.

Најголемата европска економија на квартално ниво забележа раст од 1,5% во второто тримесечје, по падот од 2,1% во првите три месеци од 2021-ва година, додека на годишно ниво се зголеми за 9,2%.

Економистите предвидувале раст од 2% на квартално ниво, односно 9,6% на годишно ниво.

Германскиот бруто домашен производ (БДП) уште не го достигна нивото пред пандемијата, бидејќи во споредба со последното тримесечје од 2019 година, последен период пред избивање на пандемијата, помала за 3,4%.

Фото: Pexels