Германскиот Бундестаг ги одобри уставните измени кои го отвораат патот за рекордно задолжување

Германските пратеници во вторникот го одобрија историскиот пакет уставни реформи што ќе ослободи стотици милијарди евра ново, рекордно задолжување за зајакнување на исцрпената војска и застарената инфраструктура на земјата, пишува Politico.

Долниот дом на германскиот парламент, Бундестагот, поддржа неколку амандмани на уставот на земјата кои ќе им овозможат на идните федерални и државни влади да позајмуваат повеќе.

За амандманите гласаа 513 пратеници, а против 207 За планираната реформа беше потребно двотретинско мнозинство (489 гласови), јавува ДВ.

Измените се направени со гласовите на ЦДУ/ЦСУ, СПД и Зелените, кои начелно се согласија со предлозите минатата недела.

Законот сега оди во Горниот дом на парламентот, Бундесратот, каде гласањето е закажано за в петок.