Германскиот гигант Volkswagen донесе радикална одлука

Volkswagen (VW) од денеска ќе престане да прима нарачки за бројни модели на plug-in хибридни автомобили, објави германскиот производител на возила, наведувајќи го недостатокот на чипови и проблемите во синџирот на снабдување поврзани со руско-украинскиот конфликт.

Прифаќањето на нарачки за plug-in хибридни верзии на моделите Golf, Tiguan, Passat, Arteon и Tuareg на Volkswagen ќе биде суспендирано до понатамошно известување, а испораката на веќе нарачаните возила може да не се реализира оваа година, се вели во соопштението на компанијата, пренесува Reuters.

Информацијата, која прв ја објави дневниот весник Handelsblatt, уследи по одлуката на VW да го прекине производството во Русија и привремено да го прекине производството во неколку фабрики во Германија во следните две недели.