Германскиот извоз на воена опрема во Украина до септември беше четири пати поголем од минатата година

Германскиот извоз на воена опрема во Украина од јануари до септември е четири пати поголем во однос на истиот период минатата година, соопшти  германското Министерство за економија. За девет месеци од годинава Германија извезла воена опрема со вкупна вредност од 8,76 милијарди евра, а вредноста на извозот во Украина е 3,3 милијарди евра, пренесува Ројтерс.

Во истиот период од 2022 година, Берлин извезол воена опрема во Украина за 775 милиони евра. Киев во моментов е најголемиот увозник на воена опрема од Германија. На второ место е Унгарија која годинава увезла воена опрема од Германија за 1,03 милијарди евра, а на трето се САД со увоз вреден 467 милиони евра, пренесува Танјуг.