Германскиот извоз нагло падна

53

Гермнаскиот извоз драстично падна во март, според статистичките податоци на заводот за статистика, како одраз на влијанието на санкциите воведени од западните земји врз Русија поради нејзината инвазија на Украина. Германскиот извоз падна за 3,3 отсто во март во однос на февруари кога порасна за 6,2 отсто.

Увозот порасна за 3,4 отсто, по растот од 4,7 отсто во претходниот месец. Како резултат на тоа, трговскиот суфицит на Германија со светот падна од 11,1 милијарди евра во февруари на само 3,2 милијарди евра во март, според сезонски приспособените податоци на Destatis.

Извозот во Русија е намален за 62,3 отсто во однос на февруари поради санкциите наметнати на Русија поради нејзината инвазија на Украина, дополнителните мерки за ограничување на извозот и неовластеното однесување на учесниците на пазарот, објави германскиот завод за статистика.

Увозот од Русија е намален за само 2,4 отсто