Германскиот извоз највисок од февруари 2020 година

35

Германскиот извоз ги достигна нивоата пред пандемијата во јуни благодарение на голем дел од закрепнувањето на светската економија.
Извозот беше 1,1 отсто поголем во јуни отколку во февруари минатата година, непосредно пред почетокот на пандемијата што предизвика остар пад на активноста во светската економија, објави Дестатис.

Споредбата со претходниот месец покажува 1,3 проценти раст на извозот, на 118,7 милијарди евра.

Увозот, пак, порасна за 0,6 проценти во споредба со мај, на 102,4 милијарди евра. На годишна основа, исто така, се зголеми за речиси една четвртина.

Податоците за првата половина од годината покажуваат скок на извозот за 16,7 проценти на годишна основа, а речиси ист процент раст е забележан и кај увозот.

Така германскиот извоз го надмина нивото пред пандемијата во јуни, но компаниите сега се соочени со проблеми во снабдувањето, истакнува агенцијата ДПА.

Дури 64% од клучните германски индустриски компании во анкетата на економскиот институт IFO изјавија дека имаат проблеми со снабдувањето и испораката на стоки, што го загрозува нивното производство.

Фото: Pixabay