Германскиот извоз падна во мај

48

Германскиот извоз падна во мај, попречен од намалените испораки на стоки за другите членки на еврозоната, покажаа податоците на заводот за статистика.

Извозот во мај, според сезонски и календарски приспособени податоци, е намален за 0,1 отсто во однос на претходниот месец кога бележи пораст од еден отсто, објави Дестатис.

Увозот, пак, е зголемен за 1,7 отсто, по падот од 0,1 отсто во претходниот месец.

Така, трговската размена во мај прикажа суфицит од 14,4 милијарди евра, за 13 отсто помалку од април.

Споредено со мај лани, извозот е намален за 0,7 отсто, а увозот за 8,6 отсто, открија статистичарите.

Германскиот извоз на стоки во другите членки на еврозоната е намален во мај за 1,6 отсто во однос на април, на 49,2 милијарди евра, покажуваат податоците. Испораките во групата трети земји забележаа ист процентуален раст.

Главна дестинација за испораки на германска стока биле САД и во мај, но со вредност за 3,6 отсто пониска од април, покажуваат сезонски и календарски прилагодени податоци.