Германскиот извоз падна во септември

46

Германија во септември забележа пад на извозот. На месечна основа е намален за 1,7 отсто на 128,2 милијарди евра, објави денеска германскиот завод за статистика Дестатис.
Во меѓувреме, во месечна споредба увозот е зголемен за 2,1 отсто на 111,3 милијарди евра.

Месечниот пад во септември уследи по двомесечното зајакнување на извозот и не ги изненади аналитичарите на Ројтерс кои очекуваа помал пад од 1,4 отсто.

САД остануваат најголемиот извозен пазар за германските компании. Во споредба со август, извозот во најголемата светска економија е зголемен за 4,8 отсто на 14,2 милијарди евра.

Од друга страна, германскиот извоз во Кина е намален за 3,7 отсто на 7,1 милијарди евра.

Иако сè уште постои надеж дека германската економија нема да западне во длабока криза, ризикот од продолжена рецесија останува висок, оценува аналитичарот на LBBW, Јенс-Оливер Никлаш, а пренесува француската новинска агенција АФП.

На годишно ниво извозот е помал за 0,2 отсто, а увозот е повисок за 1,3 отсто.

Во септември Германија забележа надворешно-трговски суфицит од 17 милијарди евра.

Германската економија останува во многу несигурна позиција, а несогласувањата околу економските реформи доведоа до колапс на германската коалиција.