
Во август, германскиот извоз се намали за 0,8 проценти во споредба со јули, на 137,6 милијарди евра, додека увозот се зголеми за 0,9 проценти, на 118,1 милијарди евра, објави денес Германскиот федерален завод за статистика (Дестатис).
Во споредба со август 2025 година, извозот се зголеми за 6,2 проценти, а увозот за 5,5 проценти во август оваа година.
Надворешно-трговскиот суфицит на Германија изнесуваше 19,5 милијарди евра, во споредба со 21,6 милијарди евра во јули и 17,6 милијарди евра во август минатата година.











