Германскиот извоз се зголеми значително повеќе од очекуваното во февруари

55

Германскиот извоз порасна во февруари речиси двојно посилно од почетокот на годината, благодарение на силната побарувачка од Соединетите Американски Држави (САД) и Кина, покажаа податоците на Дестатис.

Извозот е зголемен за четири отсто во однос на јануари, во кој е зголемен за 2,5 отсто.

Увозот скокна уште посилно, 4,6 отсто во однос на првиот месец од годинава, кога ослабе за 1,4 отсто, пренесува Бизнис.рс.

Споредено со ланскиот февруари, извозот пораснал за 6,3 отсто, приближно половина повеќе од јануари.

Увозот е повисок за 2,6 отсто на годишна основа, по скокот од 9,1 отсто во првиот месец од годинава.

Фото: Pixabay