Германскиот извоз во декември е намален за 6,3 отсто во однос на ноември

80

Германскиот извоз падна повеќе од очекуваното во декември, бидејќи високата инфлација и нестабилноста на пазарот влијаеа врз најголемата европска економија.

Извозот е намален за 6,3 отсто во однос на ноември, покажуваат податоците на Дестатис.

Аналитичарите со кои разговараше Ројтерс претходно прогнозираа пад од 3,3 отсто, а увозот ќе падне за 6,1 отсто.

Минатата година извозот порасна за 14,3 отсто во однос на 2021 година, по календарските и сезонските корекции, пишува агенцијата Мина.

Увозот порасна многу повеќе, за дури 24,3 отсто, поттикнат од поскапувањето на енергенсите поради војната во Украина.

Како резултат на тоа, извозниот суфицит на Германија падна минатата година петта година по ред.

Германија во декември извезла најмногу во Соединетите Американски Држави (САД), а извозот на стоки паднал за десет отсто во однос на ланскиот ноември, по сезонските и календарските корекции.

Најголем дел од стоката е увезена од Кина во декември, со вредност од 13,5 милијарди евра.

Фото:Pixabay