
Германскиот извоз порасна за 6,1 процент во јули 2026 година, на годишна основа, додека увозот се зголеми за три проценти, покажаа официјалните податоци од Федералниот завод за статистика (Дестатис).
На месечна основа, извозот се намали за 0,8 проценти во јули 2026 година, на 138,2 милијарди евра (160,5 милијарди долари), а увозот се намали за 5,7 проценти, на 116,9 милијарди евра, пренесува агенцијата Анадолу.
Надворешно-трговскиот биланс забележа суфицит од 21,3 милијарди евра во јули 2026 година, што е повеќе од 15,4 милијарди евра во јуни 2026 година и 16,8 милијарди евра во јули 2025 година.
Во јули 2026 година, Германија извезе стока во вредност од 78 милијарди евра во земјите-членки на ЕУ, што е намалување од 1,6 проценти во споредба со јуни 2026 година, додека увозот од земјите на ЕУ се намали за 6,1 процент, на 59,6 милијарди евра.
Извозот во земјите од еврозоната се намали за 2,8 проценти, на 53,9 милијарди евра, а увозот од тие земји се намали за 6,5 проценти, на 39,9 милијарди евра.
Извозот на стоки во земјите од ЕУ кои не се во еврозоната се зголеми за 1,1 процент, на 24,1 милијарди евра, додека увозот од тие земји се намали за 5,1 процент, на 19,6 милијарди евра.
Извозот во земјите надвор од ЕУ се зголеми за 0,2 проценти, на 60,2 милијарди евра, додека увозот од тие земји (т.н. трети земји) се намали за 5,3 проценти, на 57,4 милијарди евра.
САД останаа главна дестинација за германскиот извоз во јули 2026 година, при што извозот на стоки порасна за 19,1 процент на месечна основа, достигнувајќи 14,4 милијарди евра; во споредба со јули 2025 година, извозот во САД се зголеми за дури 28,3 проценти.
Извозот во Обединетото Кралство се намали за 7,2 проценти, на 6,7 милијарди евра, додека извозот во Кина на месечна основа се намали за 9,5 проценти, на 5,6 милијарди евра.
Во јули 2026 година, Кина беше главен извор на германски увоз, со испорачана стока во вредност од 15,2 милијарди евра, што претставува намалување од 7,5 проценти во споредба со јуни 2026 година.
Во истиот период, увозот од САД се намали за 8,2 проценти, на 7,9 милијарди евра, додека увозот од Обединетото Кралство се намали за еден процент, на 3,2 милијарди евра.











