Германскиот министер за економија ја повика Кина да не го пренасочува извозот на европски стоки во Русија

Германскиот министер за економија Роберт Хабек ја повика  Кина да престане да го пренасочува извозот на европски стоки во Русија кои би можеле да се користат во војната против Украина.

„ЕУ нема да прифати заобиколување на санкциите наметнати на Русија“, изјави Хабек за новинарите во Шангај по разговорите со кинескиот министер за трговија Ванг Вентао и министерот за индустрија и технологија Џин Чуанглонг, пренесе Блумберг.

Хабек истакна дека трговската размена на Кина со Русија минатата година се зголемила за повеќе од 40 отсто и дека само нешто повеќе од половина од тоа зголемување е резултат на енергетските производи, додека остатокот го сочинуваат стоки со двојна намена.