
Германскиот надворешно-трговски суфицит во мај се зголеми од 14,6 милијарди евра во април на 18,4 милијарди евра, објави денес Федералниот завод за статистика (Дестатис).
Според сезонски и календарски прилагодените податоци, вкупната вредност на германскиот извоз во мај изнесуваше 129,4 милијарди евра, што е најниска вредност за последните четири месеци, додека увозот достигна 111,1 милијарди евра.
Според извештаите, германскиот извоз се намали за 1,4 проценти во споредба со април, а увозот за 3,8 проценти.











