Германскиот пензиски систем на работ на колапс? „Нема да издржи уште 5 години“

266

На Германија и треба голема социјална реформа како онаа што се случи по обединувањето.

Ова го изјави претседателот на Конфедерацијата на германските здруженија на работодавачи (БДА), Рајнер Дулгер за неделното издание на Билд.

„Како што функционираат нашите системи за социјално осигурување денес, тие нема да можат да работат во следните пет години. Трошоците ќе експлодираат“, рече Дулгер, пренесува Индекс.

Потребна е итна реорганизација на пензискиот систем бидејќи неговото финансирање е пред колапс, тврди првиот човек на здружението на работодавачи. Конкретно, Дулгер предлага ново зголемување на старосната граница за пензионирање.

„Не смее да се случи зголемувањето на животниот век да доведе до подолго користење на пензијата“, вели тој.

Далгер гледа опасност и во воведувањето на универзален приход. „Тоа би можело да воведе поделби во нашето општество“, рече тој. „Не може луѓето кои одат на работа наутро да имаат само малку повеќе пари од некој што не оди“, вели Даглер.