Германскиот производител на автомобили ги отпушта сите свои работници

95

Работите изгледаат лошо за германскиот производител на автомобили Sono Motors и покрај разговорите со потенцијалните инвеститори.

Според германските медиуми, изгледите за склучување спасувачки деловни договори се многу мали, пишува магазинот „Феникс“.

Минхенската компанија, која западна во финансиски потешкотии, минатата година веќе отпушти голем број вработени, а сега, според германските медиуми, и на преостанатите работници им се заканува отказ по објавувањето на стечајот.

Компанијата соопшти дека не може да најде инвеститор и дека и покрај преговорите има мали шанси за брз договор. Затоа е предвидено откажување на договорите за работа на преостанатите работници. Се очекува отпуштањата да стапат на сила во наредните денови.

Соно Моторс првично планираше да го револуционизира пазарот со својот соларен електричен автомобил sion, меѓутоа, планот пропадна. Сега технологијата ќе се продава на други производители на автомобили.

Останува неизвесно како и дали ќе продолжи работата во производните погони.