Германскиот сектор за недвижнини е во криза

Германската градежна индустрија и секторот за недвижности одат „од лошо на полошо“, според последните податоци и прогнози, а особено е лошо во делот на градење куќи.

– Би рекол дека секторот за изградба на куќи е донекаде во криза на доверба. Има премногу работи кои тргнаа во погрешна насока – изјави за CNBC Доминик фон Ахтен, претседател на германската компанија за градежни материјали „Хајделберг материјали“.

Во јануари, и сегашното расположение и очекувањата за германскиот сектор за изградба на станови паднаа на најниско ниво на сите времиња, според податоците на Институтот за економски истражувања Ifo. Истражувањето за деловната клима падна на негативни 59 поени, додека очекувањата паднаа на негативни 68,9 поени во месецот, пренесува SeeBiz.

– Изгледите за следните месеци се мрачни – рече Клаус Валрабе, шеф на анкетите на Ифо.