Германските банки отпорни на кризата

Германските банки и штедилниците генерално се отпорни на кризата, објавија супервизорските институции.

„Банкарскиот систем покажува задоволителна отпорност“, рече Јоаким Вирмелинг од германската централна банка.

Но, банките треба да бидат под претпазливост поради неизвесниот развој на економијата, инфлацијата и каматните стапки, рече Вурмелинг во средата во Франкфурт. „Банките“, додаде тој, „не треба да седат со скрстени раце“.

Бундесбанката и Федералниот финансиски надзорен орган (BaFin) ја испитаа профитабилноста и отпорноста на стресни услови на приближно 1.300 финансиски институции кои тие директно ги надгледуваат.

Во анкетата, банките и штедилниците одговориле какви ќе бидат нивните планови и прогнози според пет сценарија на движење на каматните стапки од 2022 до 2026 година. Во стрес тестот финансиските институции ја симулирале состојбата на заработка од сега до 2024 година според вообичаеното сценарио и сценарио во кое има значителен економски пад, пренесува SEEbiz.

„Германските (финансиски) институции генерално се добро капитализирани“, рече шефот на BaFin, Раимунд Роселер, додавајќи дека во случај на сериозна криза, само мал број банки и штедилници ќе бидат во поголеми тешкотии.