Германските бизнисмени и синдикати стравуваат од руско ембарго за гас

68

Секоја санкција што го нарушува протокот на руски гас кон Запад мора добро да се размисли, инаку оние што воведуваат санкции би можеле да страдаат повеќе од санкционираните, порачаа германските бизнисмени и синдикалните лидери.

Прашањето дали да се воведе ембарго на руската нафта ја вознемирува Европа. Од една страна, некои земји не сакаат да купат руски нафта и гас и да ѝ платат на земја што извршила инвазија на соседна земја.

Но, од друга страна, голем дел од Европа не е сигурен како да ги загрее своите домови и да ја води својата економија без руската нафта, која има значителен дел од увозот.

Германија е особено зависна од рускиот гас бидејќи 50 отсто од гасот доаѓа од Русија.

Германските работодавци и синдикати соопштија дека се загрижени оти се пристапува недоволно внимателно во воведувањето санкции, создавањето соодветен притисок и спречувањето штета на економиите што воведуваат санкции.