Германските божиќни саеми под знак прашалник

34

Еден од најголемите божиќни саеми во Германија, оној во Минхен, веќе е откажан, а поради наглото влошување на епидемиолошката состојба под прашалник се и останатите.

„Тешко е да се замисли пиење варено вино на божиќен саем додека болниците се на раб на силите и се борат со последните ресурси“, коментира премиерот Михаел Кретшмер за дилемата дали треба да се отворат божиќните саеми во моменти кога Германија бележи рекордни бројки на заразени со кроона вирус.

И во Дрезден владее дилема околу овогодишната судбина на еден од најстарите божиќни саеми во Германија. Но, одговор на прашањето дали Striezelmarkt, прв пат одржан во 1434 година, ќе биде организиран, е во рацете на граските и општинските власти.

Тие се надеваат дека саемот во Дрезден сепак, ќе се одржи, Со таканареченото правило 2Г (пристап само за вакцинираните и прележаните) излагачите се надеваат дека ќе привлечат доволно посетители. Иако, стапката на вакцинираност токму во оваа сојузна покраина е на најниско ниво.

Минхен се откажа

„Не може да се опише низ што во моментот минуваме: со ноќи не спиеме поради неизвесната ситуациија“, вели за АФП Карин Ханше , чие семејство веќе 32 години на божиќниот саем во Дрезден продава медењаци. Приходите од божиќниот саем се 50 отсто од годишниот приход на семејната фирма.

Минхен е првиот град кој се откажа, втора година по ред, од одржување на божиќниот саем.

Во Нирнберг, решија да го спасат својот божиќен саем, кој е меѓу најпознатите и најбогатите во Европа, со тоа што ќе го поделат на неколку помали. Тие се надеваат дека ова ќе ја намали гужвата.

Проблем е што годинава епидемиолошката ситуација сега е полоша од минатата година кога саемите со ред беа откажувани.

Лотар Вилер, директор на државниот епидемилошки институт Роберт Кох апелира на организаторите и оваа година да се воздржат од саеми.

Важен економски фактор

Божиќните саеми во Германија имаат голема економска важност.

Пред пандемијата, околу 3.000 саеми привлекуваа повеќе од 160 милиони посетители и остваруваа пиходи од три до пет милијарди евра.

Но, приходите паѓаа и пред пандемијата, особено по 2016 година и терористичките напади на божиќниот саем во Берлин.

„Божиќните саеми едноставно се масовен феномен кој тешко се игнорира“, вели културологот Гинтер Хиршфелдер од Регенсбург.