
Германските фабрички нарачки во јуни се намалија за еден процент месечно, првенствено поради големиот пад на воената индустрија, објави денес Германскиот федерален завод за статистика (Дестатис).
Клучната причина за овој резултат е остриот месечен пад од дури 23,1 процент во сегментот на авиони, бродови, железници и воени возила.
Автомобилскиот сектор забележа пад на нарачките од 7,6 проценти во споредба со мај, додека нарачките за метални производи се намалија за 12,9 проценти.











