
Германските фабрики добија 3,9 отсто повеќе нарачки во јуни отколку во мај, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите и закрепнаа по пет месечен пад по ред.
Растот е најголем во автомобилската индустрија, која во јуни доби 9,3 отсто повеќе нарачки отколку во мај, ги сумираше германската новинска агенција dpa денеска објавените официјални статистички податоци.
Без големите нарачки, растот беше 3,3 отсто.
Во секторот капитални производи, обемот на нарачки е зголемен за 9,2 отсто, а нарачките во секторите Интермедијарни производи и производи за широка потрошувачка се намалени за 1,5 и 7,1 отсто, соодветно.
За растот во јуни се одговорни домашните нарачки, чиј обем е зголемен за 9,1 отсто. Растот на обемот на странски нарачки изнесува 0,4 отсто.
Подобрите јунски податоци не беа доволни за раст на ниво на целиот втор квартал; во однос на првиот имало за 1,4 отсто помалку нарачки.











