Германските компании очајно бараат ИТ експерти

180

Криминалците сè повеќе ги напаѓаат компјутерските системи на германските компании, а тие се очајни да ангажираат експерти и да се заштитат.
Имено, проблемите со регрутирањето на специјалисти се интензивираа минатата година.

Повеќе од три четвртини од компаниите кои бараат работници во ИТ секторот, 77 отсто од нив, пријавиле потешкотии во пополнувањето на слободните работни места, додека 58 отсто од нив се жалеле на истото пред пет години.

Инциденти минатата година пријавиле 15 отсто од германските компании со најмалку 10 вработени, седум процентни поени повеќе од три години претходно, пренесува Б92, повикувајќи се на германската агенција dpa.