Германските компании RWE и Uniper го прифаќаат новиот руски модел за плаќање гас

32

Германските електроенергетски компании RWE и Uniper потврдија дека првпат платиле за рускиот гас според московскиот декрет кој предвидува плаќања во рубљи преку банка посредник во Русија.

Според рускиот декрет од крајот на март, купувачите од „непријателските земји“ мора да отворат сметка во Гаспромбанк на која префрлаат пари во договорената валута, главно евра и долари. Банката потоа ги продава на аукција на берзата и ги префрла на сметката на добавувачите на „Газпром“.

Москва ги смета за непријателски земјите членки на ЕУ, САД, Швајцарија и другите кои воведоа санкции кон Русија за да ги исклучат големите руски банки од глобалниот финансиски систем.

Регулативата ги подели земјите на ЕУ. Така, Полска, Бугарија и Финска одбија да платат за рускиот гас според новите правила, а „Газпром“ го прекина снабдувањето во мај.

Германија е главен увозник на руски гас, кој минатата година учествуваше со повеќе од половина од увозот на гориво, а значителен дел беше нарачан од Uniper и RWE. Двете компании веќе најавија дека ќе отворат сметки во Гаспромбанк, во согласност со сегашните санкции кон Русија, за да се обезбеди континуирано снабдување со гас на Германија.