Германските претприемачи помалку расположени во јули

18

Деловното расположение на германските претприемачи во јули е малку намалено. Индексот на деловната клима во најголемата европска економија, којашто ја пресметува економскиот институт од Минхен, падна на 100,8 поени во јули од 101,7 поени во јуни.

Компаниите својата моментална бизнис ситуација генерално ја оцениле како нешто подобра, при што нивното задоволство се зголеми од јунските 99,7 поени на 100,4 поени овој месец, што е највисоко ниво од август 2018 година.

Тесните грла во синџирите на снабдување и загриженоста поради повторното зголемување на бројот на заразени со коронавирус и создаваат проблеми на претприемачите.

Фото: Pexels