Германските складишта за гас се сè уште полни

15

Германските складишта за гас беа полни речиси 74 отсто во средата наутро, а до следната зима залихите би можеле да бидат повторно 100 отсто, според германското здружение Initiative Energien Speichern (INES). Пред оваа зима магацините беа целосно исполнети на 5 ноември.
Во Германија забележуваат дека и покрај студениот јануари, складиштата за гас се сè уште полни речиси 74 отсто, што е над историскиот просек и над целта на владата од 40 отсто, објаснува денеска INES, пренесува германската новинска агенција dpa.

Зимава не очекуваат поголем пад на залихите, дури и многу ниски температури да ја зафатат земјава.

Снабдувањето со гас на Германија е под строга контрола од 2022 година, кога Русија ја затвори славината за гас како одговор на санкциите на ЕУ поради нејзиниот напад врз Украина.

Дотогаш, поголемиот дел од Германија беше во голема мера зависен од рускиот гас, кој се користеше и за производство на електрична енергија и за греење, па се стравуваше од недостиг од тој извор на енергија.

Германија тогаш го замени рускиот гас со увоз од други локации, но тој гас е поскап. Ова е причината зошто инфлацијата во најголемата светска економија, како и на други места на стариот континент, значително се забрза.