Германските трговци не очекуваат значителни приходи од Европското фудбалско првенство

Деловното расположение на германските трговци малку се подобри во мај, но нивните вкупни очекувања се сè уште песимистички, се вели во извештајот објавен  од Институтот за економски истражувања IFO во Минхен.

Вредноста на индексот, кој ги мери очекувањата во германската малопродажба, порасна од минус 14,5 поени во април на минус 13,3 поени.

Спротивно на тоа, вредноста на индикаторот со кој германските трговци ја оценуваат нивната моментална состојба стагнира на минус 2,1 поен.

– Малку е веројатно дека Европското фудбалско првенство, кое се одржува во Германија, ќе донесе некаков забележителен продажен стимул за малопродажбата во целина – смета експертот на Ифо, Патрик Хепнер.

Според него, само супермаркетите, продавачите на алкохол и специјализираните спортски продавници веројатно ќе профитираат од фудбалската еуфорија.

Продавачите на храна, автомобили, велосипеди и електрична стока и апарати за домаќинство во Германија ја оценија својата состојба значително попозитивно во мај отколку во април, додека продавниците за мебел и електроника за широка потрошувачка не се задоволни од нивниот бизнис.