
Германското здружение на земјоделци предупреди дека продолжената суша и летната жега ќе доведат до намалени приноси и, во најтешко погодените области, до целосно пропаѓање на земјоделските култури.
Поради помалиот принос на трева, залихите на зимска храна за добиток се исто така значително намалени, изјави претседателот на Германското здружение на земјоделци, Јоаким Руквид, за Франс Прес, пренесува Еурактив.
Југозападна Германија беше особено тешко погодена ова лето од високите температури и ниските врнежи од дожд, што го поттикна ширењето на шумските пожари, исушија земјоделско земјиште и предизвикаа намалување на нивото на реките.











