Германското министерство за труд ги штити вработените од “прегорување”

26

emailГерманското министерство за труд им забрани на менаџерите да им се јавуваат или да им праќаат електронска пошта на вработените по завршувањето на работното време, освен во итни случаи, за персоналот да се заштити од “прегорување”. Освен тоа, вработените нема да бидат казнувани ако ги исклучат телефоните или ако не одговорат на пораките надвор од работното време, пишува The Telegraph.

Министерството се одлучи на ваков чекор откако истото веќе го сторија неколку германски фирми, како Volkswagen, BMW и Puma. VW престана да испраќа мејлови на вработените од серверот на компанијата половина час по завршувањето на работното време, додека другите компании се изјаснија дека вработените немаат обврска да го проверуваат сандачето за време на викенд и во слободно време.

Новите правила на министерството дозволуваат контакт само доколку задачата не може да се одложи за следниот работен ден. Менаџерите треба да се придржуваат до принципот на “минимална интервенција” во слободното време на вработените. Министерката Урсула фон дер Лејен, за Süddeutsche Zeitung изјави дека правилата се воспоставени за да го заштитат менталното здравје на работниците, дека е важно за нив да знаат дека можат “да се исклучат” од работата, зошто во спротивно, на подолги патеки, ќе “прегорат”.