Германците сепак се враќаат на јагленот: Владее стравот од зима

70

Во пресрет на зимата, Германците повторно ги палат термоелектраните на јаглен.

Германија ќе врати  неколку затворени централи за јаглен на пазарот оваа зима за да се осигура дека најголемата европска економија може да задржи доволно електрична енергија кога побарувачката ќе достигне врв.

Владата донесе одлука да дозволи повторно активирање на единиците на РВЕ АГ и ЛЕАГ, се вели во соопштението од Министерството за економија, пренесува Политика.

Овој потег треба да помогне да се заштеди гас и да се спречи недостиг од снабдување во претстојната грејна сезона, се вели во соопштението.

Минатогодишната енергетска криза ја принуди земјата повеќе да се потпира на согорувањето на јаглен за производство на електрична енергија, откако Русија го ограничи снабдувањето со гас од гасоводот во земјата.