Germanwings си оди од Белград

21

germanwings

Авиокомпанијата Germanwings до Белград ќе лета само до крајот на летниот ред на летање, а тоа значи заминување од аеродромот Никола Тесла, дознава Б92. Germanwings на крајот на октомври ја укинува линијата Штутгарт – Белград, откако пред две ипол години ја укина линијата од Келн до Белград.

Последниот лет на оваа авиокомпанија ќе биде реализиран на 23 октомври, а потоа патниците до Штутгарт ќе можат да патуваат само со српскиот национален авиопревозник Air Serbia.

Germanwings е уште една нискобуџетна компанија која во последно време укинува линии од Белград. Norwegian од ова лето ја укинува линијата кон Копенхаген, додека Wizz Air повлече еден од своите авиони од Белград и ги укина линиите кон Осло и Брисел, додека другите линии значително ги редуцираше, пишува Б92.

Од друга страна, Белград добива нови low cost превозници и дестинации. Шпански Vueling наскоро ќе отвори линија до Барселона, а easyJet почнува да лета кон Рим.

Germanwings е low cost авиокомпанија во целосна сопственост на германска Lufthansa.