Getaway е старт – ап што нуди малечки викендички, коишто можат да се изнајмат за одмор и се одлично решение за бегство од големите метрополи.
Идејата е на двајца студенти од лабораторијата за иновации на Харвард, чија што замисла е да му дадат нова димензија на одморот. Според нив, Getaway е кампување во шума, но со комфорот што би го нашле и дома.
Компанијата моментално нуди три викендички, Овида, Клара и Лорејн, со големина од 15-тина метри квадратни, што се сместени во шумите на Масачусетс, САД. Точната локација не е позната, а нивната приближна оддалеченост од Бостон е два часа возење.
Цената за изнајмување е 99 долари од вечер, куќичките се целосно опремени за опуштено уживање во тивката шума.