Ги носевме како деца, а денес се луксузен моден тренд

Откако брендот The Row претстави пар ткаени пластични сандали на својата предесенска ревија 2024, контроверзните желе чевли (jelly shoes), повторно станаа популарни. Пребарувањата за овие сандали растат на Инстаграм, Гугл и Пинтерест. Познати личности како Џенифер Лоренс, Блејк Лајвли и Тејлор Свифт се видени во овој ретро модел.

Кога стихот од песната „I don’t think you’re ready for this jelly“ (Не мислам дека си подготвен за ова желе) првпат се појави во 2001 година, навистина не бевме подготвени за враќањето на желе сандалите. Тој стил ни беше премногу свеж во сеќавањата, премногу нè потсетуваше на основно училиште и семејни одмори , пишува Бизлајф.рс.

Но сега? Ние сме повеќе од подготвени. Толку подготвени, што минатогодишното брзо прифаќање на трендот од страна на мејнстримот ги принуди модните следбеници да ги направат желе сандалите уште повпечатливи оваа сезона, додавајќи потпетици, привезоци и други елементи на транспарентните силуети за да го зголемат факторот на привлечност.

Тренд на желе сандали
„Желе сандали“ се било каква форма на обувка направена од гумена пластика. Најчесто тие се направени од ПВЦ, но некои брендови се обидуваат да создадат поодржливи сорти (на пример, Salter House прави модели од пластика базирана на коноп). Откако овој носталгичен модел се врати минатата година, го видовме кај познати личности како Џенифер Лоренс (која има импресивна колекција), Софија Ричи и Тејлор Свифт.

Големиот момент на потврда дека повторно се „кул“ се случи кога брендот The Row претстави мрежести ПВЦ балетанки на својата ревија пролет/лето 2024 година.