Ги понесе “шопингот“ – Што следно ќе преземе Microsoft?

Извршниот директор на Microsoft, Сатја Надела е во голем “шопинг“.

Гигантот даде речиси 70 милијарди долари во кеш за гигантот во индустријата за видео игри Activision Blizzard, што е негова најголема и најхрабра аквизиција.

Тоа не е единствената голема аквизиција на компанијата од Редмонд. Microsoft е основан во 1975 година и во текот на сите овие години собра голем број компании, бизниси и услуги.

Сега има извештаи дека Microsoft сака да ја купи Mandiant, софтверска компанија за сајбер безбедност порано позната како FireEye, која моментално се проценува на околу 4,5 милијарди долари. Извршниот директор на компанијата, Кевин Мандија, минатата недела на конференциска врска со аналитичарите за заработката на компанијата рече дека нема да коментира за гласини или шпекулации.

Microsoft не ја коментираше веста, пренесува Си-Ен-Ен, додавајќи дека „не треба да чуди што гигантот можеби сака да искористи дел од огромната сума на готовина што ја има во својот биланс за да заклучи некои зделки“.

Бизнисот на сајбер безбедноста, инаку, сега е главната област на фокус на Надела. Минатата година Мајкрософт купи неколку стартапи во доменот, вклучувајќи ги CloudKnox Security, RiskIQ и CyberX.