Ги собрал паузите – Шеф на непушачите им дал пет дена повеќе одмор

265

Германски угостител им даде на своите вработени кои не пушат пет дена повеќе одмор од нивните колеги пушачи.

Претходно, меѓу вработените имаше расправија под мотото ”овој повторно ќе оди да пуши”. Тоа не е критикување за ништо, бидејќи кога ќе ги додадете сите паузи за пушење, ќе добиете неверојатно време”, објасни угостителот Хелмут Глас од Нојштад.

Тој вели дека ги ставил своите вработени пред одлука дали да прават редовни паузи за пушење или пет дена повеќе одмор.

Медиумите пренесоа дека тоа е законски потполно исправно, а неговиот систем наиде на големо одобрување во Германија.

Патем, тој има 12 вработени, од кои пет се пушачи и седум непушачи, исто како и тој.

Фото: YouTubePrintscreen