Гигант ќе покрие 100% од школувањето на вработените кои сакаат да студираат

42

Компанијата за е-трговија Аmazon ќе плати четиригодишна обука за околу 750.000 работници со скратено работно време во своите редови на територијата на Соединетите Американски Држави.

Од јануари следната година, Аmazon за прв пат ќе плаќа школарина и учебници за работниците во складиштето кои сакаат да стекнат факултетска диплома. Исто така, ќе започне да ги опфаќа програмите за завршување на средно училиште, како и курсеви по англиски јазик за оние кои не го знаат јазикот.

Оваа компанија сè уште нема објавено детална листа на придобивки што ќе ги имаат вработените кога станува збор за образованието. Овие поволности можат да ги користат оние кои биле вработени во Аmazon најмалку 90 дена, и додека посетуваат настава, ќе мора да продолжат да работат со скратено работно време или со полно работно време.