Гладот како закана по животот на 135 милиони луѓе

35

Во текот на 2019 година, 135 милиони луѓе од 55 земји и територии се соочиле со акутна несигурност на храна, односно неможност да се консумира соодветна што го доведува во опасност човечкиот живот и неговата егзистенција, покажува Извештајот на Глобалната мрежа против кризи со храната.

Дополнително, како што се наведува, во овие 55 земји соочени со прехранбена криза, 75 милиони биле деца со застој во развојот, а 17 милиони страдале од прекумерно слабеење во текот на 2019 година.

Ова, како што се нотира во извештајот, е највисоко ниво на акутна несигурност на храната и неухранетост документирано од Мрежата од првото издание на извештајот во 2017 година.

Повеќе од половина или 73 милиони (од вкупно 135 милиони луѓе) опфатени во извештајот живеат во Африка; 43 милиони живеат на Блискиот исток и Азија, а 18,5 милиони живеат во Латинска Америка и Карибите.

Конфликтите претставуваат клучен фактор за изгладнување на луѓето, бидејќи овие појави туркаат 77 милиони луѓе во акутна несигурност. Потоа следуваат екстремните временски појави (34 милиони луѓе) и економски турбуленции (24 милиони луѓе).

Инаку, глобалната мрежа против кризи со храна има за да ги подобри, интегрира и насочува постојните иницијативи, партнерства, програми и процеси на креирање политики за одржливо решавање на основните причини за кризите со храна.