Glance – паметен ѕиден часовник

43

glance

Фото: Facebook

Glance е паметен ѕиден часовник што на својот корисник му ги нуди сите неопходни информации. Овој часовник може да биде замена за паметни уреди во домот, апликации и слично.

Меѓу функциите што ги има овој часовник се: ја покажува температурата во просторијата; има аларм; го потсетува својот корисник на важни датуми и настани во текот на денот; ги брои чекорите на корисникот додека тој се движи низ домот…

Неговиот дизајн лесно се вклопува во сечиј дом или канцеларија, а во претпродажба чини 149 долари.

Овој изум беше претставен на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo, каде заклучно со први ноември 2016 година успеа да собере 458.106 долари поддршка.