Гласајте за ЦЕЕД Македонија за Национален јавен шампион за Македонија на Европските бизнис награди

51

EBA National Champion 2014-15

ЦЕЕД Македонија се натпреварува за титулата Национален јавен шампион на Европските бизнис награди, спонзорирани од RSM International.

ЦЕЕД Македонија веќе е именуван како Национален шампион во првиот дел од натпреварот и направи видео за компанијата, преку кое дава увид во приказната за својот бизнис и сопствените успеси. Сега за гласовите на јавноста ќе се натпреварува со Националните шампиони од земјата. Компанијата со најголем број гласови ќе стане Национален јавен шампион за Македонија, на 3 март 2015 година.

Оваа фаза на онлајн гласање е отворена од 6 јануари до 24 февруари 2015. Сите видеа од Националните шампиони можат да се најдат на веб страната на Европските бизнис награди, www.businessawardseurope.com.

“Се надеваме дека јавноста ќе го види нашето видео и ќе гласа за нас. Гласовите на јавноста многу ни значат, тие се потврда за нашиот успех како од постоечките, така и од потенцијалните клиенти”, изјави генералниот директор на ЦЕЕД Македонија, Јован Маџовски.

jovan-eba-277x370Второто јавно гласање ќе се одржи помеѓу 3 март и 16 април 2015, а резултатот од оваа финална рунда на гласање ќе биде избор на еден Европски јавен шампион, кој ќе биде прогласен и награден на гала настанот во мај 2015 година.

“Јавното гласање е многу важен дел од Наградите, затоа што на овие компании им овозможува поинаков начин на претставување на нивните достигнувања пред пошироката публика во Европа. Минатата година беше постигнат огромен успех, со повеќе од 93.000 гласови. Оваа година видеата покажуваат некои од најуспешните и одржливи компании во Европа и се надеваме дека секој што е заинтересиран за бизнис, ќе одвои малку време да ги погледа и ќе го даде својот глас”, рече Адријан Трип, извршен директор на Европските бизнис награди.

Одвоено, видео записите на сите Национални шампиони од 33 европски земји, ќе ги прегледува и оценува панел на судии и на 10 февруари 2015 година, претседателот на судиите ќе ги објави добитниците на статусот Ruban d’Honneur. Сите европски победници од десетте категории ќе бидат објавени заедно со Европскиот јавен шампион, на гала настанот во мај.

Ја цениме вашата поддршка. Гласајте за CEED Македонија!

Се што треба да направите е да го отворите линкот, да ја внесете своја имејл адреса, да стиснете на копчето vote и во сандачето ќе добиете линк за потврда.

Десетте националните шампиони од Македонија за Европските бизнис награди се избрани во неколку категории: претприемништво, работодавач на годината, грижа за потрошувачите, корпоративна одржливост, увоз/извоз, иновации, стратегија за раст и бизнис на годината.

ЦЕЕД Македонија, Национален шампион во категоријата Претприемач на годината, игра важна улога во создавањето на успешни бизнис приказни преку вмрежување на учесниците со ментори и претпримачи кои можат да им помогнат во бизнисот, а воедно на претприемачите им обезбедува know-how бизнис решенија преку своите програми, но и пристап до финансии и до нови пазари.