Гласот на клиентот

30

klienti

Фото: Pixabay

Сите знаеме дека за подобрување на нашиот бизнис, највреден е гласот на потрошувач. Истражувањата велат дека на секој клиент кој гласно се жали за вашата услуга или производ, има 26 консументи кои не се бунат, но не им се допаѓа вашиот продукт или сервис.

За да знаете што сакаат сите тие или не сакаат кај вас, треба да ги прашате. Треба да стигнете до нив. Без оглед дали тоа ќе биде преку разни истражувања или персонални разговори, потребно е да се слушне гласот на клиентот.

Денес, повеќе од кога било, начинот да слушне клиентот се поголеми, па и поевтини од кога било. Во прилог се неколку методи кои може да ги искористите за да дојдете до нивното мислење, но комбинација од нив е најефективна стратегија за собирање на информации:

ИСТРАЖУВАЊА – класичен начин за собирање информации. Тие ќе ви кажат што правите добро, но најважно, што не правите добро. Тие не се интерактивни, па затоа и треба да обрнете внимание на прашањата што ќе ги поставите. Но ако сакате да имате поголема интеракција, истите треба да се комбинација од отворени и затворени прашања, со тоа што мора да ја запазите нивната логика и след.

СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ – со нивен постојан мониторинг, можете да добиете инфо што клиентите и консументите на вашите продукти или услуги зборуваат за вас. Треба да ги посетувате групите кои се релевантни за вашиот бизнис и одвреме-навреме да видите што сè се пишува таму. Ќе се изненадите колку знаат луѓето да бидат отворени.

НА САМОТО МЕСТО – интеракцијата на вашите вработени со клиентите е еден од подобрите начини да добиете повеќе инфо за вашиот бизнис. Убаво подгответе го персоналот кој преку прашања и дискусии со клиентите ќе може да добијат повеќе информации.

ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ – овој сервис најчесто се користи за кажување на проблемите при користење на вашите услуги. Луѓето во овој сервис, треба посебно внимание да му дадат на селектирање на жалбите, нивно групирање и спроведување до соодветниот сектор. Грижата на корисниците е вреден сегмент во собирање на информации за вашите услуги и затоа немојте да го имате само „про-форма“, туку извлечете максимум од него.

ФОРУМИ – постојат сè поголем број виртуелни форуми каде што луѓето ги споделуваат своите убави, но и неубави моменти. Тие можат да бидат вреден извор на информации за вас и вашиот бизнис и имајте мониторинг над нив и што се пишува во нив. Немојте да реагирате затоа што можете да имате само негативен ефект.

БЛОГ – со корпоративните блогови им овозможувате на вашите клиенти да влезат во комуникација со вас и да се пожалат или да го пофалат вашиот бизнис. Интерактивноста која може да ја имате преку блог, искористете ја мудро.

ЛИЧНА КОМУНИКАЦИЈА – ако можете да стигнете до нив директно, најубаво е да им се јавите и лично да поразговарате со нив. Тоа може да го направите преку формата за оставање на лични податоци. Убавина кај малите бизниси е таа што ви го овозможува ова, што за големите компании е малку покомплицирано (пред сè поради бирократски процедури, но и поради „големината“ на менаџмент структурата). Затоа, ако сте мал бизнис, искористете ја оваа предност.

Без оглед кој метод ќе го користите, слушнете го гласот на клиентот.

Со успех во промените.