Glass Gem Corn – пченка со боите на виножитото

370

DSC_8190Карл Барнс, фармер од Оклахома, со цел да се поврзе со своето американско наследство, започнал да истражува малку повеќе за различните видови на пченка, пишува Inhabitat. Така, тој откри еден сосем нов вид од оваа житарка наречен Glass Gem Corn, односно дијамантска – стаклена пченка.

Станува збор за сосема природна, шарена пченка, а за да ја добие оваа обоена житарка, Барнс поминал неколку години селектирајќи и вкрстувајќи разни семиња. Резултатот бил воодушевувачки – пченка во разни бои.

Освен невообичаените бои, пченката има малку поцврст надворешен слој што ја прави потешка за консумирање како варена или печена, но може да биде одлична за јадења мелена или пуканки.

glasgecoGlass-Gem-Corn-Colors-889x548DSC_5790