GlaxoSmithKline веќе нема да ги плаќа лекарите за промоција на нивните лекови

69

Glaxosmithkline-PharmaceuticalsБританската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline ја укинува праксата да им дава хонорари на лекарите за промоција на нивните производи, а наскоро ќе го укине и исплаќањето на бонуси по бројот на препишани лекарски рецепти. Ова го потврди и извршниот директор на компанијата, Ендру Вити, јавуваат агенциите.

Деталите на стратегијата се уште се разработуваат. Вити додава дека одлуката е резултат на долгогодишниот обид да обезбеди компанијата да оди во чекор со начинот на кој се менува светот.

Ваквата пракса и предизвика низа неволји на оваа фармацевтска компанија. Многу влади и регулатори го зголемија надзорот, а летово, кинеските власти ги обвинија дека поткупувале лекари, болници и владини претставници да се продаваат повеќе лекови по повисоки цени. Glaxo соопшти дека соработува во истрагата.

Покрај GlaxoSmithKline, и други фармацевтски комапнии размислуваат да ја прифатат оваа пракса.