Главниот извршен директор на Стопанска банка АД-Скопје, Глигор Бишев преминува во Шпаркасе банка Македонија АД Скопје, каде ќе биде назначен за нов главен извршен директор и претседател на Управен одбор на банката, стои во соопштението до јавноста од Управниот одбор на Steiermärkische Bank од Грац, стратешкиот акционер на Шпаркасе банка во Македонија.
Од Шпаркасе банка очекуваат новиот директор Бишев да ја превземе функцијата по добивањето на потребните регулаторни одобрувања за негово назначување, пред се согласноста од Народната Банка, како и по истекот на договорениот период за предавање на функциите на новиот менаџерски тим на Стопанска Банка.
Актуелниот главен извршен директор, Александра Радиќ, останува во банката, како член на Управниот одбор и ќе продолжи да има клучна улога како главен директор за ризик.
Бишев ја напушти Стопанска банка по 12,5 години работа.