
Раководителот за макро истражување на европскиот пазар во банката Голдман Сакс, Питер Опенхајмер, изјави дека глобалната економија се движи кон нов супер циклус, а како причини за тоа ги истакна вештачката интелигенција и декарбонизацијата.
Суперциклите обично се дефинираат како долги периоди на економска експанзија кои често се придружени со раст на БДП, силна побарувачка што доведува до пораст на цените и високи стапки на вработеност.
Зборувајќи за својата нова книга „Среќно враќање“, Опенхајмер истакна дека последниот суперциклус започнал во 1980-тите.
Тој не очекува нагло намалување на каматите во следните десет години, но смета дека во тек е враќање на глобализацијата.
И покрај глобалните предизвици за економијата, тој посочи дека има фактори кои ќе придонесат за економска експанзија, а тоа се вештачката интелигенција и декарбонизацијата.
Тој потсети дека вештачката интелигенција сè уште е во рана фаза, но дека сè повеќе се користи како основа за нови производи и услуги. Тој изјави дека продуктивноста ќе се зголеми благодарение на вештачката интелигенција, пренесува Bankar.me.











