Глобалната побарувачка за бакар би можела да се зголеми за 72 отсто до 2050 година

73

Глобалната побарувачка за бакар може да се зголеми за 72 отсто до 2050 година поради развојот на вештачката интелигенција (ВИ) и изградбата на центри за податоци, изјави за Фајненшл Тајмс (ФТ) главниот финансиски директор на австралискиот рударски гигант BHP Вандита Пант.

Компанијата прогнозира дека глобалната побарувачка за бакар ќе порасне од 30,4 милиони тони во 2021 година на 52,5 милиони тони годишно до 2050 година.

Бакарот е клучен елемент за пренос на енергија и исто така се користи во системите за ладење и процесорите во центрите за податоци кои се градат со постојано растечко темпо ширум светот.